Утрински Весник
Свет

Паднаа руските медиумски интернет-страници

Паднаа руските медиумски интернет-страници

Интернет-страниците на некои руски медиуми паднаа во пресрет на преговорите меѓу украинската и руската делегација во Белорусија.

Интернет-страниците на агенцијата „Тасс“, „Известија.ру“ и „Комерсанта“ моментно не се во функција.

Како што објави руска „Газета“, осомничен е хакерски напад на групата „Анонимуси“.

Да потсетиме, во претходните денови официјалната веб-страница на Кремљ повремено не беше во функција токму поради хакерски напади.

Во меѓувреме, во Белорусија моментно се водат преговори меѓу двете делегации.

Како што истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски, Украина сака итен пристап во Европската Унија и прекин на огнот.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари