Утрински Весник
Македонија

Павле Трајанов: Собранието да профункционира, во спортивно мириса на вонредна состојба

Павле Трајанов бара промена на изборниот модел во една изборна единица

Поради исклучително сложената и тешка здравствена состојба, немање на вакцини за имунизација на населението, како и последиците по бизнисот, укажувам на потребата Парламентот веднаш да профункционира, во спротивно се повеќе се јакнат идеите за прогласување на вонредна состојба, вели лидерот на партијата Демократски сојуз (ДС), Павле Трајанов.

„Предлагам, уште денес Талат Џафери, да свика координација на сите пратенички групи и независни пратеници, на која ќе се утврдат врвните приоритети за кои треба да заседава Парламентот. Треба да се дефинираат кои се приоритетни закони, посебно оние кои се во функција на заштита на здравјето на граѓаните, спречување на ширење на вирусот и обезбедување на вакцини, како и законите со кои се предвидуваат мерки за поддршка на фирмите кои трпат последици од пандемијата, финансиска помош на бројните самостојни уметници, музичари, спортисти, како и помош на ранливите категории на население, невработените итн“, нагласува Трајанов.

Според него, во услови на вакви состојби, со воведување на вонредна состојба дополнително ќе се усложнат состојбите, ќе се ограничат правата и слободите на граѓаните, ќе колабира бизнисот, ќе се отворат можности за висока корупција и сето тоа негативно ќе се одрази на социјалниот живот и менталното здравје на граѓаните.

Трајанов додава дека Демократскиот сојуз е против воведување на вонредна состојба и повикува на разумно и рационално однесување на сите партии и пратеници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење