Утрински Весник
Македонија

ОЈО Струга поднесе казнени налози против четири лица за прекршување на полицискиот час

ОЈО Струга поднесе казнени налози против четири лица за прекршување на полицискиот час

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Струшкото обвинителство покрена постапка против четири лица за непочитување заради „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од Обвинителство.

– Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час, без дозвола, пеш или со возила  се движеле низ градот и околината, појаснуваат од ОЈО Струга.

За  обвинетите, Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за едно лице од по 30 евра во денарска противвредност, за друг обвинет од по 40 евра во денарска противвредност, а за двајца од обвинетите од по  50 евра во денарска противвредност.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ладни утра, можен мраз и сонце преку ден!

Заврши мерката „училишна кошничка“, заштедата за семејство со двајца ученици е околу 3 000 денари, вели Ристески

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ