Утрински Весник
Македонија

ОЈО Скопје поднесе 20 казнени налози за непочитување на полицискиот час

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Скопје.

– За 19 обвинети Обвинителството поведе постапка затоа што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, соопштија од обвинителство.

Исто така, од Обвинителство информираат дека еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација, донесена како мерка за спречување и сузбивање на заразната болест Ковид-19.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија

Комеморација за Илинденка Петрушева: Извонреден познавач на филмот, пред сè извонреден човек

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек