Утрински Весник
Македонија

ОЈО Ресен поведе постапки против две лица за непочитување на полициски час

Нови капитални инвестиции на Општина Ресен за подобро водоснабдување
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ресен, 3 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Ресен поведе постапка против две лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– До Основниот суд Ресен поднесени се предлози за издавање казнени налози со кои за лицата се бараат парични казни во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност, се вели во соопштението на ОЈО Ресен.

Обвинетите, на 18 мај, за време на полицискиот час се движеле низ градот без да поседуваат дозвола за тоа, при што биле сопрени од страна на полициски службеници од ОВР – Ресен.​ аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турското знаме подигнато пред Општина Кичево

Нигериец нападнал полицаец пред диско во Градски парк, полицијата му одзела пиштол и 30 куршуми

СДСМ: Каде е милјардата што ја ветуваше Мицкоски за чист воздух?