Утрински Весник
Македонија

ОЈО Прилеп предложи 50 илјади евра казна против 25 лица за непочитување на полицискиот час

ОЈО Прилеп предложи 50 илјади евра казна против 25 лица за непочитување на полицискиот час

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за вкупно 25 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од прилепското обвинителство.

-За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.04.2020 до 28.04.2020 година, обвинителството поднесе  предлози  за издавање казнени налози до Основните судови во Прилеп и Крушево, заради непочитување на мерките на Владата за спречување на Ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час, велат од ОЈО Прилеп.

За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути