Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ОЈО поднесе обвинение за извршител на две кражби во Скопје

Саем за безбедност за превенција на кражби во тек на летото
300x250 opst2

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за кражба и тешка кражба извршени на 13 и 15 јануари годинава во една од канцелариите на Факултетот за ветеринарна медицина и во просториите на ПЗУ Ре-Медика во Скопје.

Лицето се товари дека од канцеларијата на Факултетот одзел машки паричник во кој имало 16.000 денари, две кредитни картички, лични документи и други предмети, по што истиот ден, употребил една од противправно стекнатите кредитни картички во маркет и направил трансакција од 666 денари.

На 15 јануари, обвинетиот влегол во просториите на ПЗУ Ре-Медика и со употреба на физичка сила ја скршил бравата од шкаф за чување лични работи на еден од лекарите вработени во оваа здравствена установа. Од шкафчето тој одзел паричник во кој имало 4.000 денари, три платежни картички и други документи. Истиот ден, во рок од половина час, со картичките направил седум трансакции во различни маркети во вкупен износ од 4.325 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Лицето се товари дека сторил едно кривично дело „кражба„ од член 235 став 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ казниво според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најстудено утрово во Лазарополе – 24info.mk

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

ОЈО Скопје поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава