Утрински Весник
Македонија

ОЈО Дебар поднесе казнени налози против пет лица

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по примените кривични пријави, денеска до Основниот суд во Дебар достави предлози за издавање казнен налог за пет полнолетни лица, соопштија од ОЈО Дебар.

-Лицата се обвинети дека непочитувајќи ја забраната за движење сториле кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од Обвинителството.

Основниот јавен обвинител побара од судот сторителите да бидат огласени за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од 10-100 дневни глоби. рф/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет”

Мицкоски денеска во Брисел на Самитот за проширување на ЕУ