Утрински Весник
Македонија

ОЈО Велес поднесе пет казнени налози за непочитување на полицискиот час

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање на казнени налози за 5 лица кои за време на продолжениот викенд по повод Велигденските празници го прекршиле полицискиот час, информираат од ОЈО Велес.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата, а со цел спречување и сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Со тоа, сите обвинети во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, велат од обвинителство.

Обвинителството му предложи на Судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош