Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец затајувал пари од спортска обложувалница, дел ги користел за себе дел ги давал на играчите

Охриѓанец затајувал пари од спортска обложувалница, дел ги користел за себе дел ги давал на играчите

21-годишен охриѓанец е осомничен за затајување на пари од спортска обложувалница каде што работел, информира полицијата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Тој, во периодот 02/03.11.2021 година, како касиер во спортска обложувалница во Охрид, противправно присвоил пари од прометот од кои, дел искористил да игра на VLT апарати а дел ги давал на играчите кои биле присутни во обложувалницата.

На тој начин, пријавениот го оштетил правниот субјект во вкупен износ од 568.886 денари.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните