Утрински Весник
Македонија

Охрид и Струга ги усогласуваат активностите за третман на потенцијалните пациенти заболени од коронавирусот

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид

Охрид, 30 март 2020 (МИА) – Општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца ги координираат активностите за заедничко делување во справувањето со предизвиците што произлегуваат од актуелната ситуација настаната со епидемијата на коронавирусот.

На предлог на Координативното тело на Општина Охрид денеска се одржа средба на градоначалниците на општините заедно со раководители на здравствените установи на која е услогласен регионален пристап во функционирањето на здравствениот систем.

-Министерството за здравство на предлог на Координативното тело на Општина Охрид ќе пристапи кон изработка на план за регионализација, како да се организира и соодветно да се усогласи процедурата на третман на пациентите, зависно нивната клиничката слика. Случајот со пациентката од село Татеши само потврдува на потребата од координирано делување, рече градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Предлозите предвидуваат евентуалните пациенти инифицирани со Ковид 19 со полесна и средно тешка клиничка слика да се згрижуваат на Инфективното одделние на Општата болница во Охрид, додека потешките случаи би биле префрлани во Скопје.

Заменик-министерот за здравство Арменд Арслани појасни дека третманот на пациентите останува да се уредува согласно сугестиите, протоколите, алгоритмите креирани од експертите, а конечните информации за тоа како ќе оди третманот на инфицираните и заболените ќе бидат соопштени откако ќе биде усвоен тој протокол.

Стручните лица, епидемиолозите, инфектолозите вршат проценка на состојбите, го изработуваат протоколот и тој наскоро ќе биде објавен, рече тој повикувајќи го населението да ги почитува сите препораки од надлежните за справување со состојбата.

Јован Стојкоски, директорот на Здравствениот дом во Вевчани, оптимистички уверува дека ситуацијата е под контрола, дека се спроведуваат тековните активности, се утврдуваат и поправаат евентуалните пропусти.

-Ние работиме по насоки на епидемиолозите и инфектолозите од Инфективната клиника во Скопје. Ние постапуваме согласно нивната проценка, дали и кога треба да биде прогласен карантин на одредено подрачје, рече Стојкоски.

Случајот со  пациентката од струшкото село Татеши, што почина откако не била хоспитализирана на Инфективното одделение во болницата во Охрид, беше причина за разрешување на директорката на Општата болница во Охрид. Денешната средба е дел од активностите за одредување на начинот на кој ќе се постапува со лица со симптоми на Ковид 19, односно пациенти заболени од Корона вирусот. аб/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме