Утрински Весник
Македонија

Охридското комунално претпријатие започна со акции за чистење на плажите

Охридското комунално претпријатие започна со акции за чистење на плажите

ЈП „Охридски комуналец“ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денеска се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Далјан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани.

Вработените охридското комунално претпријатие ја подигаа трската како и расфрланиот ситен и тешко разградлив отпад, натрупан на крајбрежјето од езерските води или од несовесните минувачи.

Изминатиов период во населбата Далјан, на самиот брег на езерото никна нова депонија, каде неодговорни грѓани депонирале шут но и најразлични видови на друг комунален отпад.

Капетанот на Капетанијата во Охрид, Горан Устијановски покрена акција на социјалните мрежи, при што, депонијата беше расчистена.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Со гаранција од над два милиони евра Асмир Јахоски излегува од притвор

(Фото) Андреј од ДНК доби мурал во скопската населба Аеродром

ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“