Утрински Весник
Економија

Охридскиот аеродром се реотвара утре со летови до Цирих и Милано, првите чартер летови на 5 јули

Затворен аеродромот во Охрид, ТАВ Македонија со поддршка на владините мерки за коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утре повторно ќе биде отворен. За попладнето најавени се првите полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.

Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам.

Информации за останатите летови може да се најдат на веб страницата на охридскиот аеродром. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МФ исплати нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании

Германија без реформи ризикува долгорочен економски пад

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари