Утрински Весник
Спорт

Официјално: УЕФА одлучи за Лигата на Европа

Академија Пандев, Шкупи и Македонија ЃП ги дознаа своите потенцијални противници во ЛЕ

Нион, 17 јуни 2020 (МИА) – Кампањата во Лигата на Европа ќе се игра преку мини турнир од четвртфиналето, вклучително, а натпреварите ќе бидат само со еден натпревар, одлучи УЕФА.

Судирите ќе се случат од 10 до 21 август на стадионите во Германија – во Келн, Дизелдорф, Дуизбург и Гелзенкирхен. Осминафиналните реванш дуели ќе се играат на 5/6 август.

Два натпревара од осминафиналето не започнаа воопшто – Интер против Хетафе и Севиља против Рома. Конечните победници во овие парови ќе бидат утврдени на само еден натпревар – во Германија.

Градот Гдањск, кој требаше да биде домаќин на финалето оваа сезона, ќе ја има оваа чест во следната кампања

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство