Утрински Весник
Спорт

Официјално, одложен за една година приемот на Коби во „Куќата на славните“

Ужасна трагедија го потресе спортот – големиот Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Лос Анџелес, 28 мај 2020 (МИА) – Церемонијата на која легендата на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант требаше да влезе во „Куќата на славните“ во НБА, е презакажана за 2021 година. Ова е официјално потврдено на веб-страницата на лигата.

Церемонијата првично беше предвидена за 29-31 август во Спрингфилд.

Брајант во јануари оваа година почина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13-годишна ќерка и седум други патници.

Кошаркарот играше за Лос Анџелес Лејкерс 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА.

На 4 април беше објавено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните“ постхумно и една година пред предвиденото. Според правилата, кошаркарите ја добиваат оваа чест не порано од пет години по завршувањето на кариерата. Играчот ги заврши настапите во 2016 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување