Утрински Весник
Спорт

Официјално: Морбидели во Јамаха, Довициозо во Петронас

Официјално: Морбидели во Јамаха, Довициозо во Петронас
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Она за што се шпекулираше изминатите недели, во четвртокот доби официјална потврда, Франко Морбидели ќе вози за Јамаха, додека Андреа Довициозо ќе ги брани боите на сателистски тим, Петронас Јамаха.

За новите тимови, двајцата возачи ќе дебитираат викендов, на трката за Големата награда на Сан Марино и Римини.

Морбидели ќе вози за Јамаха до 2023 година, додека Довициозо се договорил со Петронас да вози до крајот на наредната сезона.

Морбидели, повторно ќе биде колега со Фабио Квартараро, додека Довициозо се враќа во Мото ГП шампионатот по пауза од 10 месеци. Во изминатиов период тој беше тест возач на Априлија. Довициозо во кариерата победил на 24 трки.

> Официјално: Морбидели во Јамаха, Довициозо во Петронас <

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место