Утрински Весник
Спорт

Официјално: Германските клубови се обединија околу нивната голема цел

Рестартирањето на Бундеслигата доби зелено светло и од германското Министерство за труд
Dik 300x250 mk

Минхен, 14 мај 2020 (МИА) – Два дена пред продолжување на сезоните во Првата и во втората Бундеслига во Германија, сите 36 клуба и официјално ја поддржаа идејата првенството да биде завршено.

Во принцип, планот вклучува ова да се случи до крајот на јуни, но одлука на Германската фудбалска лига (ГФЛ) дозволува ова да се случи во јули, доколку е потребно.

Исто така, беше одобрена промена во правилото за замени – од 3 на 5, па дури и евентуално 6.

Меѓутоа, ако поради некоја причина – на пример нов бран на коронавирус – станува невозможно да се заврши сезоната, тогаш во рок од две недели мора да се донесе одлука за конечниот ранг.

Целта е да се има шампион и две екипи кои ќе испаднат.

Сите клубови исто така го потпишаа здравствениот протокол за обука и натпревари.

Решенијата:

1. Сезоната може да биде продолжена по 30 јуни доколку е потребно

2. ГФЛ може да го промени датумот на започнување за следната сезона, во зависност од тоа кога ќе заврши тековната

3. ГФЛ го задржува правото да ги промени датумите за почеток и крај на трансфер-прозорците по завршувањето на оваа сезона и во средината на следната

4. Дозволено е да се направат пет смени во рок од 90 минути и шест доколку има продолженија

5. ГФЛ може да закаже даден натпревар на неутрален терен за кратко време

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс