Скопје, 7 март 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 194 возила од јавните површини во Градот Скопје.
Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 165 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Од Град Скопје информираат дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 311 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Истовремено апелираат сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. аа/лв/