Утрински Весник
Свет

Откриен прв случај на индиски вид на коронавирус во Романија

Откриен прв случај на индиски вид на коронавирус во Романија

Романија го откри првиот случај на опасниот вид што е доминантен во Индија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Индискиот вид бил дијагностициран кај помлад пациент (26), кој пристигнал во Романија пред еден месец и имал поблаги симптоми, пренесува „Ројтерс“.

Министерството соопшти дека Романскиот институт за јавно здравје верува дека откриениот мутиран тип на Ковид-19 не е многу заразен, иако се верува дека предизвикал голем број на новозаболени во Индија.

Министерството исто така го следи кластерот на коронавирус кај градежните работници кои неодамна пристигнаа од Индија во областа Брашов.

Во Романија 1.850 лица се разболеле со коронавирус денес, што значи дека вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата на вирусот надмина 1,05 милион, додека починале 27.971 пациент.

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“