Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Откриени 95 мигранти, приведени три лица

Откриени 95 мигранти, приведени три лица
300x250 opst2

Полицијата во три одвоени случаи открила 95 мигранти, а приведени се три лица.

Според информациите на МВР, вчера во 19.30 часот на локален пат кон село Три води, во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници го привеле Д.Х.(25) од Велес.

При контрола на неговиот камион „мерцедес“ биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, околу 20 часот, кај место викано „Канда“, на магистрален пат Штип – Радовиш, полициски службеници го привеле Р.С.(30) од Скопје, кој управувал автомобил „алфа ромео“, со светиниколски регистарски ознаки, а во кое биле пронајдени шест лица мигранти од Пакистан. При неговото запирање, Р.С. се обидел да го побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото било утврдено дека регистарските ознаки припаѓаат на патничко возило „фолксваген“.

Вчера, рано изутрина, околу 5 часот, на место викано „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници го привеле Б.И., кој управувал возило со кичевски регистарски ознаки. При запирање на возилото, тој се обидел да побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото биле пронајдени 39 лица мигранти, 35 од Сирија и четири од Ирак.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле сместени во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Б.И. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти “.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села