Утрински Весник
Македонија

Откриени 64 мигранти од Бангладеш во камион кај Струмица

Откриени 64 мигранти од Бангладеш во камион кај Струмица

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Откриени 64 мигранти од Бангладеш во камион со скопски регистарски ознаки при полициска контрола вчера околу 19 часот на регионалниот пат Валандово-Струмица.

Возачот избегал, а лицата се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

– Вчера околу 19:00 часот на регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица полициски службеници од СВР Струмица забележале товарно моторно возило„ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот. Во возилото полициските службеници пронашле 64 лица-мигранти сите од Бангладеш, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. аа/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНТ СО НАГРАДУВАНАТА ПРЕТСТАВА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛИ ВО ВЕЛЕС И ПОЖАРЕВАЦ

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови