Утрински Весник
Македонија

Откриена неактивирана рачна бомба кашикара при градежни работи во Скопје

Поведена истрага за силување против косовски државјанин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Скопјанец при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа. По интервенција на полицијата констатирано е дека се работи за неактивирана рачна бомба М-75(кашикара).

– Вчера во 16,30 часот во СВР Скопје, Р.Ј. од Скопје пријавил дека во сопствениот двор во населба Хиподром  при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неактивирана рачна бомба М-75(кашикара).Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Експлозивната направа е подигната од местото на настанот од Единицата за aнтитероризам при МВР за понатамошна постапка. аа/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Новогодишна порака од CIVIL: Вистината е важна

Возрасен маж од гостиварско загинал откако се превртел со тракторот

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?