Утрински Весник
Спорт

Отказ за тренерот на Чикаго Булс, има втор најлош скор во клупската историја

Отказ за тренерот на Чикаго Булс, има втор најлош скор во клупската историја

НБА тимот, Чикаго Булс го отпуштија тренерот Џим Бојлен кој на клупата на „биковите“ помина неполни две сезони.

Бојлен на кормилото на Чикаго има скор 39-84, а неговиот процент на победи е само 31,7%, што е втор најлош во клупската историја на тренери кои клубот го воделе барем на 100 меча.

Послаб скор од Бојлен имал само Тим Флојд (20,5%) кој застана на чело на Чикаго по пензионирањето на Мајкл Џордан.

„По деталните проценки одлучив дека ни треба нов пристап и развој. Беше тешка одлука, но време е нашата франшиза да направи нов следен чекор во нова ера на Чикаго Булс“ – изјави потпретседателот на Булси, Артурас Карнишовас.

Чикаго сезонава имаше скор 22-43 пред пандемијата на коронавирусот да ја прекине сезоната. Како една од најслабите екипи, Булси беа без шанси за влез во доигрувањето во Орландо, каде имаше место за 22 од вкупно 30 клубови.

> Отказ за тренерот на Чикаго Булс, има втор најлош скор во клупската историја <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига