Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Отворен конкурс за учество на меѓународниот поетски фестивал „Поетски искри“

Отворен конкурс за учество на меѓународниот поетски фестивал „Поетски искри“
Img 7972

Гостивар, 19 февруари 2020 (МИА) – Официјалните подготовки за новото издание на меѓународниот поетски фестивар „Поетски искри“ започнаа со објавување на конкурсот за учество.

Организаторите наведуваат дека ова ќе биде можност по седми пат за потврдување, афирмирање и обединување на балканските поетски души.

Според пропозициите на конкурсот можат да се пријават поетите од Македонија и од балканските земји за една од двете категории: до 18 години и над 18 години. Кандидатите треба да испратат три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик , а учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски или на англиски јазик.

Темата и формата на песните се слободни.

Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот:

literaturniiskri@yahoo.com, заедно со личните податоци на авторот. Крајниот рок за пријавување е 31 март 2020 година

Традиционалната поетска манифестација „Литературни искри“ се организира во чест на 24-ти мај, денот на сесловенските браќа Св.Кирил и Методиј. згм/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго

Отворени две постапки за семејно насилство во Скопје, се бара притвор

Штрајк во М-НАВ, затворање на македонското небо на 20 и 24 октомври – директорот спречува синдикални состаноци