Кичево, 11 март 2020 година (МИА) – Во Кичево синоќа беше отворен изборниот штаб на ДУИ, а Фатмир Дехари е официјално именуван за шеф на штабот.
На отворањето присуствуваа лидерот на партијата Али Ахмети, носителот на Изборната единица 5 на ДУИ, Талат Џафери, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на огранокот Ардита Дани.
-Горд сум што Талат Џафери ќе го претставува Кичево и околината зашто тој покажа храброст во многу случаи кога беше потрбно. Докажавме дека Албанците се клучен дел од оваа држава, постигнувајќи достоинствено претставување и цврсто стоиме во нашите ставови. ДУИ остана со народот, помина низ бурни времиња, но не се откажа. Ние сме носители на најважните процеси за Албанците. Не се служиме со навреди, ниту со извици. ДУИ напредува само со работа, рече Ахмети. рз/мч/