Утрински Весник
Македонија

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години
Dik 300x250 mk

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години.

„ Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје“ соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст, во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид 19 болест, компликации и смртен исход.

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче