Утрински Весник
Македонија

Отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција

Отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Универзитетската клиника за неврологија информира дека е отворена телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели.

Пациентите можат да се јават на телефонскиот број 075/277-806 во амбулантата за деменции за консултација и советување, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во понеделник и среда.

-Повозрасните лица се особено чувствителни на кризни состојби и природни катастрофи, а ова за жал се потврдува токму во овој период кога сите ние живееме во услови на променета дневна рутина поради пандемија со болеста предизвикана од корона вирусот Ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Во светот повеќе од 50 милиони лица живеат со деменција, а на секои три секунди се дијагностицира нов случај.

-Лицата кои живеат со деменција имаат ограничен пристап до информации и факти за пандемијата со Ковид-19, а имаат и потешкотии да ги запомнат препораките за безбедно однесување и заштита, како на пример, носење на маска или во разбирањето на информациите од јавно здравствен карактер, односно почитување на полицискииот час. Ненамерното, а условено од самата болест, непочитување на предупредувањата и препораките за социјално дистанцирање, потенцијално ги изложува на поголем ризик и можност за инфекција, потенцираат од Министерството за здравство. ир/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молк од ВМРО-ДПМНЕ на прозивката од Филипче дека партијата е под контрола на Груевски

Шестмина повредени во тешка сообраќајка во Стопански двор

Пациент почина, две медицински лица повредени по нагло сопирање на медицинско возило, за да избегне судир во центарот на Скопје