Утрински Весник
Македонија

Отворена нова подрачна канцеларија на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, Македонски Брод во Општина Пласница

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Пласница, Алија Јаоски и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Македонски Брод, Синиша Радески, го означија започнувањето со работа на новата канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Македонски Брод.

dobivaj vesti na viber

Отворањето на подрачната канцеларијата за социјални работи е од особено значење за жителите на Општина Пласница кои повеќе нема да патуваат до Македонски Брод за аплицирање за социјалните права и користење на услуги од системот на социјална заштита.

Тоа ќе можат да го направат во своето место на живеење.
Станува збор за околу 900 корисници на правата од системот на социјална заштита и корисници на социјални услуги, на кои им се олеснува целиот процес.

Просториите за канцеларијата се отстапени од страна на Општина Пласница, а опремата за функционирање на канцеларијата е обезбедена од Министерствoто за труд и социјална политика.

Соговорниците разговараа и на тема детска заштита. Во моментов во Пласница има Центар за ран детски развој, а се разговараше за потребата од детска градинка во ова населено место.

Воспоставувањето на социјални услуги преку Проектот за подобрување на социјални услуги исто така беше тема на денешната средба со градоначалникот Јаоски.

Министерката информираше дека наскоро ќе биде објавен нов повик за аплицирање и ја повика Општина Пласница да се јави на повикот и воспостави социјална услуга која е согласно потребите на жителите на оваа општина.

Присутните на средбата се согласија на понатамошна плодна соработка со цел унапредување на социјалните услуги и нивното доближување до граѓаните.​

Можете да прочитате

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска, ниту национална пензија не ти дадоа“

Онколози од Скопје ќе вршат прегледи во Битола и Тетово – Пациентите со рак веќе нема да мораат да патуваат до главниот град

Милошоски: Ако Бугарија тврди дека проблемот се само Бугарите во Устав, ајде да поднесеме заедничка резолуција во ЕП со која се гарантира посебноста на македонскиот идентитет и јазик