Утрински Весник
Свет

Осум кандидати за наследник на Џонсон, објавен конечниот список

За наследник на Борис Џонсон на местото британски премиер и лидер на Конзервативната партија ќе се натпреваруваат осум кандидати, објави одборот одговорен за организирање внатрепартиски избори.

dobivaj vesti na viber

На листата се Кеми Баденок, Суела Браверман, Џереми Хант, Пени Мордант, Риши Сунак, Том Тугендхат, Лиз Трас и Надим Захави.

Пратениците Саџид Џавид и Реман Кристи имаа намера да се кандидираат, но се повлекоа пред да биде објавен конечниот список, пренесува „Ројтерс“.

На кандидатите им беше потребна поддршка од најмалку 20 конзервативци за да влезат на листата.

Првиот круг на гласање почнува утре.

Можете да прочитате

Израел одобри изградба на стотици дополнителни куќи во три населби на Западниот Брег

Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин