Утрински Весник
Спорт

Осум гола на „Енфилд“ – Ливерпул го победи Челси

Осум гола на „Енфилд“ – Ливерпул го победи Челси

Ливерпул го совлада Челси со 5:3 во последниот меч од претпоследното коло во Премиер лигата. По натпреварот на Ливерпул им беше врачен шампионскиот трофеј. Челси со 63 бода се четврти на табелата, ист број на бодови има Манчестер Јунајтед, а бод помалку Лестер. Во последното коло на Челси му е потребен бод против Вулферхемптон за да обезбеди место во Лигата на шампионите, без оглед на тоа како ќе одиграат Лестер и Манчестер Јунајтед во меѓусебниот дуел.

Ливерпул го скрши Челси за само 20 минути во првиот дел. Во периодот од 23 до 43 минута „црвените“ постигнаа три гола.

Брилијантни беа првите два гола кои ги постигнаа Кеита и Александер-Арнолд од слободен удар. На 3:0 зголеми Вајналдум.

Трошка надеж дека Челси може да ја стигне предноста донесе голот на Жиру во третата минута од судското надополнување на времето во првиот дел.

Предноста од три гола Ливерпул ја вратија во 55 минута кога Фирмино го совлада Кепа по додавањето на Александер-Арнолд.

Челси тргнаа на се или ништо, постигнаа два гола преку Ејбрахам во 61 и Пулишиќ во 73 минута.

„Сините“ по третиот гол тргнаа во офанзива, по израмнување, меѓутоа во 84 минута Ливерпул со своето најсилно оружје, контра-нападот, преку Окслејд-Чембрлен ставија точка на мечот.

> Осум гола на „Енфилд“ – Ливерпул го победи Челси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување