Утрински Весник
Македонија

Осумнаесет мигранти пронајдени во комбе на автопатот Неготино-Градско

Осумнаесет мигранти пронајдени во комбе на автопатот Неготино-Градско

На автопатот Неготино-Градско, во близина на локалитетот „Стоби“, од полициски службеници од Полициската станица Неготино било запрено комбе, управувано од В.Т.(33) од Скопје, во кое се превезувале 18 лица мигранти, сите од Бангладеш.

В.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал