Утрински Весник
Свет

Остануваат истите услови за влез во Грција

Остануваат истите услови за влез во Грција

Условите за влез во Грција остануваат непроменети до 22 октомври.

Сегашните услови за влез во Грција се продолжени за уште седум дена, односно до 22 октомври.

За влез во Грција потребен е сертификат за вакцинација, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата, потврда за прележан коронавирус во период од најмалку 30 и најмногу 180 дена пред патувањето, негативен брз тест, негативен ПЦР тест, заедно со пополнет електронски формулар PLF.

Ова важи за сите посетители без оглед на државјанството и начинот на влегување во земјата.

Овие услови се однесуваат за сите возрасни и деца над 12 години.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција