Утрински Весник
Македонија

Оставката на Заев се’ уште не е доставена во Собранието

Оставката на Заев се’ уште не е доставена во Собранието
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оставката на премиерот Зоран Заев се уште не е официјално испратена до Собранието.

Од Собранието информираат дека премиерот на ја доставил оставката, па затоа на денешната координатива средба кај претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, не станало збор за следните чекори.

„Оставката на Заев се’ уште е ‘Фејсбук оставка’, и врз основа на тоа не можевме да зборуваме повеќе. Во зависност од писмото ќе се знае кои ќе бидат наредни чекори“, потврди на прес-конференција и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

На средбата во Собранието се зборувало за тоа колку пратеници станаа градоначалнници и за констатацијата на нивните оставки и влез на нови пратеници на нивното место. Станува збор за четворица пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ,еден од СДСМ и еден од БЕСА.

Можете да прочитате

На Табановце приведен кумановец, во неговото возило пронајдени стари монети

Посмртнината за пензионерите зголемена на 40.000 денари

Ладен воздух од североисток ни носи силен ветер и температури до -10 степени