Утрински Весник
Спорт

Оставката на Бартомеу нема да го предомисли Меси

Оставката на Бартомеу нема да го предомисли Меси
Dik 300x250 mk

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу е подготвен да се „симне“ од својата позиција во обид да го убеди Лионел Меси да остане во клубот откако Аргентинецот поднесе барање за трансфер, јавуваат шпанските медиуми, но ниту тоа нема да биде доволно да го смени мислењето на Меси.

Освојувачот на шест „Златни топки“, Меси во вторникот предизвика фудбалски земјотрес откако побара да се активира неговата клаузула со која би заминал бесплатно од клубот каде што ја мина цела кариера. Барса тврдат дека клаузулата не е остварлива бидејќи истекла во јуни и покрај продолжувањето на сезоната поради пандемијата на корона вирусот.

Клучен човек во сагата несомнено е претседателот на клубот, Бартомеу, кој е обвинуван од повеќе страни за катастрофалното водење на тимот и го претставуваат како главен актер во сегашнта криза на клубот. Навивачите на клубот веќе неколку пати се обидоа да влезат во просториите на клубот барајќи оставка од него.

Според „Марка“, Бартомеу потклекнал под притисокот и ветил дека ќе замине, само ако Меси јавно изјави дека останува во тимот. Многумина сметаат дека веќе е доцна за вакви гестови и дека Аргентинецот веќе е насочен кон следната цел – приклучување на стариот ментор Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

> Оставката на Бартомеу нема да го предомисли Меси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони