Утрински Весник
Македонија

Основното училиште во село Митрашинци ќе добие нов кров

Основното училиште во село Митрашинци ќе добие нов кров

Берово, 5 март 2020 (МИА) – Со средства во износ од 1,2 милиони денари ќе се реконструира кровот во подрачното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во село Митрашинци. Во училиштето, како што информираат од Општината, ќе биде заменета старата дотраена кровна конструкција.

-Инвестирањето во образованието е вложување во иднината и клучен фактор за развој на општина Берово. Затоа согласно претходно подготвен проект, ќе биде поставена нова кровна конструкција во подрачното училиште во Митрашинци, со што сметаме дека ќе се подобрат условите за учење на учениците, а воедно ќе се заштити и самата зграда, информираат од општина Берово.

Реализацијата на овие активности, како што додадоа се поддржани преку Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово, како и Програмата на Владата, за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

Во насока на создавање подобри услови за одвивање на воспитно образовниот процес како што дополнија, минатата година, во подрачното училиште во село Митрашинци, беа оградени спортските терени. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Изложбата „Будна вода“ и промоција на „Разбудена вода“ во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“