Утрински Весник
Македонија

Основната јавна обвинителка Русковска се сретна со евроамбасадорот Гир

Основната јавна обвинителка Русковска се сретна со евроамбасадорот Гир
Dik 300x250 mk

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска вчера беше домаќин на претставници на Делегацијата на Европската унија во земјава, предводени од амбасадорот Дејвид Гир.

Едночасовната средба беше од протоколарен карактер и се одржа во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Амбасадор Гир покажа интерес за функционирањето на обвинителството, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории.

Истакнувајќи го своето задоволство за работењето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, амбасадорот понуди помош од Европската унија за уште поефикасно и поефективно работење на ова обвинителство.

Можете да прочитате

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“