Утрински Весник
Македонија

Осма акција за дезинфекција на улици и јавни површини во Гевгелиско

Осма акција за дезинфекција на улици и јавни површини во Гевгелиско

Гевгелија, 27 април 2020 (МИА) – Забраната за движење во време на изминатиот полициски час, кој траеше од саботата попладне до утрово, цистерните на јавното комунално претпријатие и ТППЕ од Гевгелија ја искористија за непречено реализирање на акцијата за дезинфекција на улиците и јавните површини во Гевгелија и населените места во општината, поради заштита од ширење на корона вирусот.

Во соработка со ПЕ на центарот за јавно здравје, во назначеното време беа дезинфицирани сите градски сообраќајници и јавни површини меѓу кои сите пристапни влезови и дворот на Општата болница, објектите на Центарот за социјални грижи, Агенцијата за вработување, Катастарот и Одделението за имотно правни односи на општина Гевгелија, зградата на општинската администрација, дворот на поштата, како и влезовите на сите банки.

Покрај градските зони, возилата за дезинфекција, како што информираа од Општинскиот кризен штаб, извршиле дезинфекција на улиците во населените места Смоквица, Моин, Ново Конско, Негорци, Прдејци и Мрзенци.

Од осмата акција по воведувањето на вонредната состојба биле исклучени неколку улици во Гевгелија каде не било возможно да поминат возилата за дезинфекција поради, како што велат, оставени возила на улицата од страна на несовесни граѓани и покрај апелот што беше упатен од страна на Општинскиот кризен штаб. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот