Утрински Весник
Македонија

Османи ja брифира Брнз за следните активности поврзани со европската перспектива

Османи ja брифира Брнз за следните активности поврзани со европската перспектива
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари средба со американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз.

Како што информираат од МНР, соговорниците ги оцениле билатералните односи меѓу двете земји како исклучително цврсти и пријателски, засновани на стратешкото партнерство и членството во НАТО.

Министерот Османи ја брифирал амбасадорката Брнз за најновите политички актуелности, со посебен фокус на активностите поврзани со европската перспектива на земјава во периодот што следи.

„На средбата беше изразено задоволство од континуираната и клучна поддршка што САД ја даваат на Република Северна Македонија во насока на остварување на нејзините стратешки надворешно политички аспирации. Притоа Османи ја нагласи исклучително важната улога на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, натамошна демократизација и просперитет на регионот“, се наведува во соопштението за средбата.

Можете да прочитате

Филков: Кадровското зајакнување клучно за дигитализација и ефикасно правосудство

Кривична пријава за лихварство против двајца кавадарчани

Вкрстено испитување на сведок од ФЗО во предметот „Онкологија 2“