Утрински Весник
Македонија

Османи утре и задутре на министерскиот состанок на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО

Османи оптимист – очекува ЕУ да го валоризира напредокот на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на редовниот состанокот на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што заради рестрикциите наметнати од пандемијата ќе се одржи преку видео врска.

Согласно дневниот ред, предвидено е на состанокот министрите за надворешни работи на земјите-членки да дискутираат за приоритетни прашања на НАТО, како и актуелни предизвици со кои се соочува: состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност.

Министрите ќе го разгледаат и Извештајот насловен „НАТО 2030“ што ги рефлектира стратешките потреби и предизвици за Алијансата во наредната декада, а предвидено е да бидат одобрени и неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија во рамки на НАТО.

Во рамките на состанокот, Османи ќе се обрати на првата работна сесија, што ќе биде негов прв настап на Северно-атлантскиот Совет од стапувањето на должноста Министер за надворешни работи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!