Утрински Весник
Македонија

Османи: Унилатералната изјава не е историски текст туку политичко објаснување

Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со португалскиот шеф на дипломатијата Жоао Гомеш Кравињо рече дека унилатералната изјава за македонскиот јазик која ја разгневи македонската експертска јавност, не била историски текст, туку политичко објаснување во кое се опишани најважните елементи на јазикот со реченици од Уставот, од резолуцијата и од заклучите на Собранието.

dobivaj vesti na viber

„ Ние го опишавме јазикот со најважните елементи од Уставот, од резолуцијата и од заклучоците од Собранието. Унилатералната изјава не е историски текст и тоа што го видовте во јавноста беше превод од оригиналната изјава на англиски јазик“ рече Османи.

Во однос на тоа кој е подобар предлог, португалскиот или францускиот, Османи рече дека најважно било што тие не прифатиле никакви квалификации за македонскиот јазик, освен нотата на Бугарија која не го признава постоењето на македонскиот јазик.

„ Уште германскиот, па португалскиот па францускиот прелдог, сите ја знаеја нашата позиција дека нема да прифатиме никакви квалификации за македонскиот јазик. Унилатерална нота Бугарија има испратено до ООН уште во 2018 година веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор. За жал тогаш не беше претставено на јавноста. Бугарија гласаше за предлог во кој македонскиот јазик е чист – рече Османи.

Орце Костов

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка