Утрински Весник
Македонија

Османи со писмо до Ленарчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита (EU Civil Protection Mechanism)

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска со писмо до Еврокомесарот за кризен менаџмент Јанез Ленерчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита за Република Северна Македонија.

-Сега засега мерките кои ги презема Владата во справување со пандемијата КОВИД 19 даваат ефикасни резултати, но со оглед на растечкиот број на заболени во земјата, во периодот што претстои, земјата ќе има потреба за дополнителни медицински средства, материјали и опрема за соодветна теренски активности, за кои сметаме на помошта до механизмот за цивилна заштита на ЕУ, стои во писмото.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Република Северна Македонија е членка на Европскиот механизам за цивилна заштита, од каде и претходно, во 2016 година, користеше помош за време на поплавите во скопскиот регион. сст/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија