Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи: Претседавањето со ОБСЕ во 2023 – уште еден дипломатски успех за Северна Македонија

Османи: Претседавањето со ОБСЕ во 2023 – уште еден дипломатски успех за Северна Македонија
Img 7972

На Министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана беше одлучено со консензус, Република Северна Македонија да биде домаќин и да претседава со ОБСЕ во 2023 година, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Денеска извојувавме дипломатски успех за нашата држава. Со консензус, односно сите 56 земји учеснички во ОБСЕ, ја прифатија нашата кандидатура, со што и официјално ни го доделија претседавањето со организацијата во 2023 година, кое ќе следи по Шведска во 2021 година, и Полска во 2022 година“, истакна Османи.

Министерот информираше за текот на подготовките што ќе следат во наредниот период, пристапувањето кон дефинирање на предлог-програмата и дефинирање на нашите приоритети, детализирање на финансиската конструкција, како и формирање на поширокиот тим кој ќе биде одговорен за реализација на активностите до и за време на нашето претседавање.

„Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Северна Македонија, како конструктивен актер и контрибутор во промоцијата на заложбите на ОБСЕ, а индиректно ќе се создаде и можност да се манифестира институционален капацитет кој се очекува од земја членка на НАТО и идна земја членка на ЕУ“, истакна Османи.

Зборувајќи за меѓународниот успех и признание за покажаниот напредок кој како земја го демонстрираме во изминатите години, како во поглед на домашната реформска агенда, внатрешната кохезија, особено преку уникатниот модел на мултиетнички односи, но така и на меѓународно ниво, во регионални, европски па и светски рамки, Османи потенцираше:

„Тоа пред сè значи можност и за зголемена поддршка на јавното мислење во ЕУ за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во рамките на претстојниот процес на преговори за полноправно членство; но и во изградбата на репутацијата на земјата или политичкиот бренд – Република Северна Македонија, како стабилен меѓународен партнер, дел од современите општествени системи, силен поддржувач на мултилатерализмот – што претставува еден од петте приоритети на надворешната политика“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции