Утрински Весник
Македонија

Османи: Позитивна вест од ЕУ – постигнат е консензус за почеток на преговори

Датумот за преговори со Македонија е тест за кредибилитетот на Европската Унија

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање  за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Одлуката, посочи Османи, очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 март да се официјалира од страна на министрите за Европа и за надворешни работи на ГАК и потоа на самитот на лидерите на ЕУ предвиден за 26 март во вид на видео-конференција.

– Ова е исклучително добра вест, не само затоа што претставува постигнување на консензус од сите 27 земји членки по сите разлики кои постоеа во последните 15 години и навистина претставува историски момент за државата. Сепак, денеска и во наредните денови треба истата и формално да се потврди, изјави Османи.

Позитивната вест од Брисел, како што информира Османи доаѓа по средбата на постојаните претставнци на земјите членки на ЕУ на која било разговарано и за проширувањето. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце