Утрински Весник
Македонија

Османи: Подготвени сме за евентуален бегалски бран, но во координација со ФРОНТЕКС и ЕУ

Османи во посета на Финска, актуелниот претседавач со ЕУ

Скопје, 1 март 2020 (МИА) – Земјава е подготвена за справување со евентуален наплив на бегалци од Сирија, но во координација со ФРОНТЕКС и земјите-членки на Европската Унија, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

– Ние сме во постојана координација со земјите-членки на Европската Унија и со нашите партнери ја следиме состојбата уште од моментот кога почна да се разгорува ова прашање. Нашите институции се подготвени за справување со евентуален хипотетички бегалски бран, но тоа справување е повеќе во координација со ФРОНТЕКС и со земјите-членки на ЕУ со кои споделуваме заедничка политика во однос на бегалците, рече Осамни во одговор на прашање на денешната партиска прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро