Утрински Весник
Македонија

Османи од состанокот на ПСЈИЕ во Анталија: Преку регионалната соработка ги надминуваме разликите кои го оптоваруваат регионот

Османи од состанокот на ПСЈИЕ во Анталија: Преку регионалната соработка ги надминуваме разликите кои го оптоваруваат регионот

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во рамките на турското претседавање 2020-2021, во Анталија, Република Турција.

„ Поминавме долг пат од започнувањето на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Денес, сите наши држави се усогласуваат со евро-атлантските вредности и се стремат да бидат дел од европското семејство. Покрај нашите основни заложби за мир и стабилност, постигнати се и други важни достигнувања во областа на регионалната соработка, што беше главниот двигател во текот на целиот процес и генерираше значителни резултати. Преку регионална соработка, преку засилена комуникација на сите општествени нивоа, преку економијата, бизнисот, културата па се до политичката комуникација ние ги надминуваме разликите кои го оптоваруваа регионот со опиплив бенефит од успешната регионална соработка“, истакна Османи

Министрите разговараа за приоритетите на турското претседателство со ПСЈИЕ кои во голема мера беа посветени на воспоставување поголема поврзаност на регионот, младината и нејзиното значење во општествата, дигитализација, култура и туризмот, унапредување на регионалната соработка преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни Европски вредности кои остануваат во фокусот на сите земји членки на ПСЈИЕ.

ПСЈИЕ брои вкупно 13 земји членки од регионот на Југоисточна Европа кои покрај Северна Македонија се и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Косово, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

Можете да прочитате

Сообраќајка на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот е во прекин

Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик не може да е ново лице во СДС

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова” во Скопје