Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи: Новиот закон на МНР ќе одговори на предизвиците на надворешно-политичките приоритети

Османи: Новиот закон на МНР ќе одговори на предизвиците на надворешно-политичките приоритети
Img 7972

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ја запозна пошироката јавност со новиот Нацрт текст на Законот за надворешни работи, за кој вели дека е конципиран на начин да одговори на сите предизвици на надворешно-политичките приоритети на земјата, имајќи ја предвид новата позиција и реалност што Северна Македонија ја има во меѓународните односи како членка на НАТО и земја со одлука за почеток на преговори со Европската унија.

„Потребата од професионализација, односно департизација на дипломатската служба е висок приоритет на нашето општество, но и на моите лични заложби. Интенцијата која сакам да ја постигнам е деполитизација на службата преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности, соодветна и правична застапеност како и професионализација на високите раководни позиции во министерството”, истакна Османи.

Министерот нагласи дека најмалку 75 отсто од амбасадорите во иднина ќе бидат дипломати од кариера што претставува драстична промена од постојното законско решение и обид за драстично подобрување на соодносот меѓу политички дипломати и дипломати од кариера.

Шефот на дипломатијата посочи дека една од новините на овој закон е воведувањето на нова категорија на економски советници, воведувањето на механизам на внатрешна контрола во Министерството и ефикасен систем за оценување на работата на дипломатите.

„Ова е фазата кога Нацрт текстот излегува од просториите на министерството и првично го споделувам со пошироката јавност. Посакувам што побргу да завршат интерните процедури на усогласување на одредбите во Предлог законот, да ја помине владината процедура, а потоа и собраниската процедура, за да законот заживее и почне да ја остварува својата функција заради кој што е конципиран. Транспарентноста ќе го следи низ целиот процес на донесување, а јавните расправи и консултацијата со сите интересни и засегнати групи, тука пред се мислам на дипломатските синдикати и пошироката фела, ќе бидат повеќе од добредојдени“, нагласи Османи.

„Новата законска рамка ќе биде темелот што ќе треба да даде една поинаква динамика на оваа професија, но и на угледот на државата“, дополни Османи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче