Утрински Весник
Македонија

Османи на средби со Дачиќ и Брнабиќ

Османи на средби со Дачиќ и Брнабиќ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Белград имаше средби со претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ, и со премиерката, Ана Брнабиќ.

Како што соопшти МНР, Османи на средбата со Брнабиќ, ја пренел подготвеноста за реализација на Третата заедничка седница на двете Влади, како дополнителен позитивен импулс за натамошниот развој и интензивирање на односите и севкупната соработка меѓу двете земји.

„Убеден сум дека заедничката седница на Владата ќе претставува потврда на блиските односи, но и одлична можност да се интензивираат иницијативите за поголема соработка во економијата, инфраструктурата, енергетиката како и сите останати аспекти кои ја детерминираат динамиката на односите меѓу двете земји“, изјави за време на разговорите Османи.

Беше направен осврт и на политичките и економски односи и соработка, регионалната соработка и ЕУ интеграциите.

На средбата со Дачиќ било разговарано за интензивирање на интер-парламентарната соработка, при што биле посочени бројни можности за унапредување на истата меѓу највисоките законодавни тела, преку конкретни и заеднички активности помеѓу групите за пријателство во парламентите на Северна Македонија и Србија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер