Утрински Весник
Македонија

Османи на средба со поранешните амбасадори во Софија

Османи на средба со поранешните амбасадори во Софија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со поранешните амбасадори на Македонија во Бугарија – Никола Тодорчевски, Александар Василевски и Марјан Ѓорчев. Средбата беше реализирана како дел од пошироките консултации на министерот Османи со истакнати личности од областа на надворешната политика, а поврзано со актуелниот политички дијалог со Република Бугарија.

Османи ги запозна соговорниците со текот на разговорите, меѓусекторската соработка, рефлектирана преку воспоставените работни групи и континуираните средби на највисоко политичко ниво.

Беше нагласено дека надминувањето на отворените разлики, претставува стратешки интерес и за двете држави, за што постои цврста волја и посветеност, која може да се огледа во динамиката на дијалогот меѓу двете Влади и одржувањето на заедничката Владина седница, на крајот на јануари.

Османи изрази интерес за нивните ставови, имајќи го во предвид нивниот мандат во Софија и доброто познавање на земјата.

„ Го ценам Вашето искуство и запознаеност со околностите во односите на нашата држава со Република Бугарија и во оваа фаза на разговори, секоја сугестија и размислување е добредојдена и корисна, со цел размена на мислења и креирање на кохезивност за клучните прашања од стратешки интерес за нашата држава“, заклучи Османи.

Министерот Османи ги информираше своите соговорници дека во тек е процедурата за назначување на нов амбасадор во Бугарија.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено