Утрински Весник
Македонија

Османи на средба со амбасадорот на Грција, Русос Кундурос: Што поскоро отоврање на границите

Османи на средба со амбасадорот на Грција, Русос Кундурос: Што поскоро отоврање на границите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со грчкиот амбасадор во земјава, Русос Кундурос.

Во фокус на разговорите, актуелностите во земјава поврзани со тековните предизвици на пандемијата и предизвиците кои во таа насока се создаваат за протокот со соседна Грција. Османи ја истакна важноста од засилување на проток на нашите превозници кон Грција, имајќи го во предвид значењето на пристаништето во Солун за економијата на Северна Македонија.

И покрај отежнатите прилики предизвикани од пандемијата, Османи изрази надеж дека во заедничка комуникација и координација со Грција, ќе се изнајде решение кое ќе ги задоволи интересите и потребите на бизнис заедницата и граѓаните, длабоко почитувајќи ги мерките за заштита.

Османи нагласи дека нашата држава ги следи здравствените протоколи на Светската здравствена организација, вклучително и заштитата на возачите камиони кои патуваат во Грција и до грчките надлежни институции апелира за соработка во насока на овозможување на непречена размена меѓу двете земји.

Скопје и Атина будно ја следат епидемиолошката ситуација во двете земји, како и проекцијата за процесот на имунизација кој се одвива паралелно во двете земји. Согласно епидемиолошката слика, беше изразена волја што поскоро да се создадат можности за отворање на границите пред почетокот на летото.

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог