Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи на состанок со сојузничките сили-Во очекување сме да прифатиме мал дел од населението од Авганистан

Османи на состанок со сојузничките сили-Во очекување сме да прифатиме мал дел од населението од Авганистан
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана на Венди Шерман, Заменик Државен Секретар на САД, денеска учествуваше на видео состанок посветен на најновите случувања во Авганистан. На состанокот, покрај Република Северна Македонија учествуваа и земји членки на ЕУ и НАТО, како и други пријателски земји од различни региони во светот, подготвени да обезбедат привремено прибежиште за граѓаните на Авганистан кои во моментов се под сериозна закана за нивните животи, како и за безбедноста на нивните семејства.

Османи ги информираше сојузниците за успешниот процес на евакуација на наши државјани од Авганистан, од кои еден дел се веќе пристигнати во државата, при што упати благодарност до сите партнерски земји кои ги поддржаа нашите напори во таа насока.

„Северна Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и во очекување сме да прифатиме мал дел од мирољубивото население од Авганистан, пред се жени и деца, како и претставници на хуманитарни организации кои во изминативе 20 години, заедно со НАТО сојузниците, вклучувајќи ја и нашата Армија, учествуваа во изградбата на демократските процеси во таа земја. Повикувајќи се на принципите на солидарност и хуманост, како исклучително значајни во овие тешки моменти за државјаните на Авганистан тоа е најмалку што можеме да го направиме за овие луѓе“, истакна Османи.

На состанокот беше разгледана моменталната безбедносна состојба во Авганистан и беше реафирмирана меѓусебната соработката и заедничките напори за надминување на актуелните предизвици, како и намалување на ризикот од појава на нова хуманитарна криза.

Можете да прочитате

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ

Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ е наследник на највозвишениот дел од македонската историја

Филипче: Како да задржиме млад човек во државата со ниски плати кои не покриваат трошоци?